Сè поголем број продавници во САД бараат од своите потрошувачи да носат маски, но некои упорно одбиваат да го сторат тоа, а видеото на една жена од супермаркет во Далас, Тексас стана хит на социјалните мрежи.

Имено, откако продавачите ја замолиле да носи маска, таа започнала да фрла продуктите од количката, за на крај да се сврти и да се оддалечи со пцости кон вработените.

Инаку, ова видео го погледнале повеќе од 14 милиони луѓе за еден ден, а многумина се згрозени од однесувањето на младата жена.

Не е тешко да се носи маска и ваквото однесување не одговара на возрасен човек. Жал ми е за луѓето што работат во продавница, тие се изложени на вакво однесување секој ден – напишал еден корисник на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.