Шефот и основачот на „Твитер“, Џек Дорси, одлучи да го продаде првиот твит, напишан во март 2006 година.

„Само го поставувам мојот твитер“, гласи првиот твит објавен некогаш на популарната социјална мрежа, кој беше понуден како дигитален спомен на страницата „Valuables by Cent“.

just setting up my twttr— jack (@jack) March 21, 2006

За само неколку минути, понудите достигнаа дури 100.000 американски долари.

За време на пишувањето, максималната понуда е 2,5 милиони долари.

Претходните, многу помали понуди откриваат дека твитот се продава од декември, но вистинскиот бум се случи дури кога Дорси го објави на својот профил во петокот.

Купувањето не значи дека твитот ќе се пренесе на профилот на купувачот. Сè уште останува на оригиналниот профил на „Твитер“, но клиентот добива потпишан дигитален сертификат со метаподатоците на оригиналниот твит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.