Според најновите податоци на Еуростат, најскапата земја во Европа е Исланд. Цените во оваа земја минатата година биле дури 56% повеќе од европскиот просек. Втора на листата е Швајцарија, а трета Норвешка.

На пример, пица во исландски ресторан чини околу 17 евра, чаша вино околу 10, а пиво 7 евра. Вечера за двајца ќе ве чини околу 85 евра, шише вино во продавница е 17 евра, а табла јајца чини 5 евра.

Сепак, просечната бруто плата на едно постојано вработено лице изнесува околу 4.500 евра. Киријата за помал стан во центарот на Рејкјавик е 1.300 евра месечно.

Кога е во прашање регионот, најскапа е Хрватска. Словенија се наоѓа на 19 месето, Црна Гора на 30-то, Србија на 31-во, БиХ на 34-то место, а Македонија е на 36-то.

Вака изгледа листата на земји од најскапи кон најевтини за живеење во Европа:

Исланд, Швајцарија, Норвешка…

Данска, Ирска, Луксембург…

Финска, Шведска, Велика Британија…

Холандија, Белгија, Франција…

Австрија, Германија, Италија…

Шпанија, Кипар, Португалија…

Словенија, Грција, Малта…

Естонија, Летонија, Чешка…

Словачка, Хрватска, Литванија…

Унгарија, Полска, Црна Гора…

Србија, Албанија, Романија, БиХ, Бугарија, Македонија, Турција…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.