Најмалку 39 лица починаа, а 27 се разболеа во неколку села во северниот дел на Индија, откако пиеле евтин ликер што содржи отровен метанол, соопштија денеска властите.

Во два одделни инцидента, во индиската држава Утар Прадеж починаа 26 лица, додека 13 лица починаа во соседната држава Утараханд.

Полицијата уапси осум лица осомничени за шверц, а властите суспендираа 35 службеници, меѓу кои 12 полицајци.

Смртноста поради конзумирање илегално направени алкохолни пијалоци во Индија е се поголема, бидејќи сиромашните не можат да си дозволат познати брендови, а нелегалните пијалоци често се направени од хемикалии, како пестициди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.