Во 2015 година, таа купи нов стан во Оукленд, откако заштеди пари за само три години. Притоа, таа избегна и задолжување во банка, со камата и долг период на отплата.

Чери Хоуи од Нов Зеланд стана хит на Интернет, откако сподели едноставен трик како заштедила пари за нов стан за само три години и го откри својот „рецепт“ во една група на Фејсбук, каде воодушеви многумина со својот метод на заштеда.

Во 2015 година, таа купи нов стан во Оукленд, откако заштеди пари за само три години. Притоа, таа избегна и задолжување во банка, со камата и долг период на отплата.

Мајка ми ме научи како да го организирам трошењето пари и по три години успеав да купам стан“, сподели Чери.

Што е тајната? Чери тврди дека парите што ги заработувате треба да се поделат на три различни сметки.

Првата сметка е за општи трошоци, како што се трошоци за сметки, кирија, превоз, неделен џепарлак пари, итн. На друга сметка парите што планирате да ги потрошите за да одите на фризер, да купувате облека и чевли, подароци, евентуални трошоци за лекар итн., додека на третата сметка треба да ги ставите парите што сакате да ги заштедите.

Таа вели дека е неопходно да се придржуваме до овие поделби и да не се троши повеќе од планираното.

 

Немојте да бидете во искушение од друга сметка да трошите пари на намирници или обратно. Важно е да се придржувате кон она што си го поставивте, рече таа, објаснувајќи дека на овој начин не мора да се штеди за стан, туку за она што еден човек го посакува, како патување, нов автомобил, фонд за пензионирање.

Во овој модел, важно е „само“ да имате доволно голем приход за да поделите доволно пари на три различни сметки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.