Лиса Мекдоналд(47) од Мејденхед во Беркшир, дознала дека „умрела“ за време на операција во турската клиника за пластична хирургија „Афрупамед“, дури после неколку недели, кога се вратила дома.

Таа со сестра и Саша(41) отпатувала во Турција, откако по пат на Инстаграм закажеле операција, за после три недели по враќањето дома, Лиса да се онесвести и да дознае дека има сепса и дека животот и е во опасност.

Лекарите во болницата во Вексам парк во градот Слау и ги извадиле имплантите и констатирале прелом на неколку ребра, па заклучиле дека тие не го издржале притисокот за време на реанимацијата.

Открија дека ребрата ми се скршени. Рекоа дека тоа е клсичен знак дека е применета кардиопулмонална реанимација. Не можам дека верувам дека сум била мртва и дека никој ништо не ми кажал – изјавила Лиса за Сан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.