Отец Оливер Петровски е Маж на годината за 2022 година, во изборот направен со гласање на официјалната страница на Фејсбук.

Тој е познат хуманитарец и раководи со организацијата „Свети Спас“, која изминатите години успеа да внесе среќа и спокој во душите на многу луѓе на кои вистински им е потребна помош.

Изборот на Маж на годината се одржува по петти пат кај нас, а годинава наградите ќе бидат врачени на 30 ноември во хотелот Даблтри бај Хилтон. Ќе бидат врачени и награди за 13 добитници во 13 разни категории.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.