Почнуваат зимските слави, а свештениците повторно не потсњтуваат дека гозбите органзирани во име на Бога се далеку од црковните канони и од проповедањето на верата. „Фестивалите“ што се органзираат на горбишта не се во согласност со верските обичаи и треба да се избегнуваат, порачуваат тие.

Отец Горан Стојчевски предупредува дека наместо да се остава храна на гробовите или пак да се испраќаат дојдените со торби полни храна, најдобро е таа храна да се донира на оние што немаат, а во име на оние кои ги спомнуваме.

Храната на гробиштата имала чисто практична примена во време кога единствено гориво за превозното средство – двете нозе се калориите во храната. А, нашиот народ барем тогаш никого назад од каде и да дошол и се нашол не го праќале гладен.

Денес, при модерни средства за патување “фестивалите” со храната се вишок што може и треба да се раздаде на тие што немаат во име на оние за кои си спомнуваме (како наша своевремена практика што треба да е). Но, практичноста се губи во денешно време и се вели “така останало” или “да им се најде”.

Но, преминатите имаат потреба само од молитва произнесена од сите преку свештеникот придружена со свеќата, пченицата (или лебот) и виното, сеќавајќи се и на гробот за воскресението, Телото и Крвта Христови со кои треба да живееме во Литургијата сѐ додека Бог не ни го одредил часот за премин кон вечноста. п.с. Бог да ги прости, а и мене што “тапам”, пишува Стојчевски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.