Муралот посветен на починатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, кој во март на Лиман во Нови Сад го наслика уметник од Добој, беше осквернавен со усташки симбол, како што пренесува порталот „021.рс“.

На челото на Балашевиќ, на Денот на победата над фашизмот, непознато лице со спреј напишалo „У“ со крст, според порталот.

На почетокот на март, муралот го насликал 27-годишниот Дени Божиќ од Добој, кој допатувал во Нови Сад на покана од сопственикот на блиското кафуле „Бициклана“.

Ова не е единствениот мурал посветен на Балашевиќ во некој од градовите во Србија кој е осквернавен.

На почетокот на март, муралот „Да се живее слободно“, што беше насликан на плоштадот Слобода во тој град, беше уништен по само неколку часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.