Студенти од Таскалуса, Алабама, на кои им бил дијагностициран ковид-19, присуствувале на забави во и околу градот, како дел од вознемирувачкиот натпревар за да видат кој може прв да го фати вирусот, изјави член на градскиот совет.

Во последните неколку недели, се забележува зголемување на бројот на забави на неколку локации каде доаѓаат студенти или деца, иако знаат дека се позитивни на коронавирус. На почетокот мислевме дека станува збор само за гласини, но се покажа дека навистина се случува“, рече Ренди Смит, началникот на противпожарна единица на состанокот на Градскиот совет во Таскалуса.

Членот на Советот, Соња Мекинстри изјави дека гостите на вакви забави собираат пари во сад и ја даваат целата сума на лицето кое прво ќе се зарази.

Нема смисла. Тие го прават тоа намерно, рече Мекинстри.

Полицијата се вклучила во сè затоа што заразените лица кои присуствуваат на вакви забави ја кршат регулативата според која изолацијата од 14 дена е задолжителна во случај на инфекција. Кој и да ја занемари е казнет со 500 долари.

Во Алабама во моментов има 38.962 потврдени случаи на коронавирус, а 972 луѓе починале, според базата на податоци на Њујорк Тајмс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.