Посетителите на плажа во Јужна Каролина присуствувале на речиси неверојатна случка – видел орел кој од океанот зграпчил ајкула и како лета со неа, како од шега.

На снимката која се прошири по социјалните мрежи се гледа како орел кој се спушти до површината на океанот ја зграпчува ајкулата и потоа прелетува над плажата.

Жената која го снимила овој настан наведува дека ајкулата не била мала и дека орелот без никакви потешкотии летал заедно со неа, како да станува збор за мала, златна рипка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.