Општина Охрид подготви богата музичка програма за дочекот на 2022 година, на која ќе настапат бројни домашни естрадни уметници.

Охриѓани и гостите кои новогодишната ноќ ќе ја поминат на плоштадот „Свети Климент Охридски“ ќе може да уживаат во музичките изведби на „Ле-трик“, „Бекдор-Бенд“, „Камелеон“, „Урбан планет“, Ѓоко Танески и Татијана Стефаноска. Специјален музички гостин на вечерта ќе биде Верица Ристеска, а свој перформанс ќе имаат диџеите „Фејс“ и „Гец“ заедно со Јана Слеј.

Според планираното, музичка забава на градскиот плоштад ќе биде организирана и на 1-ви јануари, во периодот од 13 до 15 часот, кога ќе настапат познати музички имиња од Охрид со репертоар од охридски композиции.

На сцената на градскиот плоштад во рамки на дневната забава на 2-ри јануари, во периодот од 13-15 часот ќе настапи „Ансамбл Билјана“ со специјална програма „Охрид Охрид убав мил“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.