Градоначалникот на општина Лозово и даде ветување на Атиџе од Медена Земја дека ќе ја вработи во општината, но и дека општината ќе го реновира кровот на нејзината куќа.


Денес општина Лозово ја посети нашата национална хероина Атиџе Муратова, Ѕвездата од „Медена земја”.

Среќна, насмеана и радосна од веста што општина Лозово и јас како Градоначалник дадовме ветување дека ќе се погрижиме за куќата на Атиџе да добие нов кров.
По завршување на турнеите и земањето на🏆🏆 оскарите, Атиџе ќе биде работно ангажирана во општина Лозово.
Исто така ветив, дека нејзините две песни, ќе бидат обработени целосно со музички 🎼аранжман и ќе може да ги испее и сними професионално во музичко студио, напиша градоначалникот Ацо Велковски на Фејсвук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.