Огромен потенцијано опасен астероид, поголем од Ајфеловата кула, на 11 декември ќе влезе бо Замјината орбита, соопшти Американската вселенска агенција НАСА.

Астероидот со јајцевидна форма е наречен „4660 Нереј“ по старогрчкиот бог Нереј, најстариот син на божицата Геја.

Астероидот ќе биде оддалечен 3,86 милиони километри што е околу 10 пати повеќе од оддалеченоста меѓу Земјата и Месечината. Има облик на јајце, долг е 330 метри, а во Земјината орбита ќе влезе со брзина од 23.700 километри на час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.