Интернет страницата „Кооперација“ објави сатирична вест.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, демантираше дека по кражбата на полицискиот коњ денес МВР останала без коњаница и увери дека веднаш е најдена достојна замена, која ќе ги преземе неговите задачи и обврски.

Тоа не е обично магаре, туку магаре со ВСС, што може да му парира на било кој коњ. Не за џабе државата инвестираше толку пари во неговото знаење. Јас ви гарантирам дека за година – две, тоа ќе дотурка најмалку до началник во МВР – изјави Спасовски.

Магарето ќе стапи на својата функција веднаш, а неговото вработување во МВР го поздравија голем број негови колеги, поранешни и сегашни функционери во македонската политика.

Преземено од „Кооперација“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.