Водостојот на Охридското Езеро е намален за два сантиметра, а на Преспанското за еден сантиметар, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера.

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), само кај Дојранското Езеро водостојот е повисок од просечниот и тоа за 2,87 метри. Кај останатите две природни езера во земава е понизок од просекот за септември и тоа за 85 сантиметри кај Преспанското и за 5 сантиметри кај Охридското Езеро.

За разлика од езерата, најголем дел од реките во земјава имаат повисок водостој од повеќегодишниот просек за овој месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.