Камерата на еден возач кој минувал низ Сардинија уловил необична сцена. Мештаните на Сардинија беа зачудени од голема огнена топка што одеднаш се појавила на небото.

Станува збор за метеорит кој минувал низ атмосферата и го „запалил“ небото, а феноменот можел да се види од неколку крајбрежни места долж Средоземното Море.
Опсерваторијата во Ибица примила дури 55 повици за оваа сцена.

Метеорит е парче карпа, комета или планетоид што од вселената паднал на површината на Земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.