Додека поголемиот дел од граѓаните ги почитуваат мерките против ширењето на коронавирусот, веселба со дваесетина луѓе цел ден се одвива во Велес, објави порталот Батали.нет. Попладнево, поворка од веселбата помина низ повеќе велешки улици од левата страна на градот, кај Потокот и кај Црна Џамија.

Забележливо беше дека никој од нив не носи заштитни маски, ниту пак се почитува дистанцата помеѓу луѓето.

Нема информација дали полицијата интервенирала, но ваквите прекршувања се сериозна закана од ново ширење на заразата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.