Властите во Боцвана започнаа истрага за причините за ненадејната смрт на 11 слонови во еден од резерватите во земјата.

Според Министерството за животна средина, природни ресурси и туризам, група специјалисти е испратена во резерватот Мореми да земат примероци од животинско ткиво за понатамошно истражување.

Минатата година, меѓу мај и јуни, 330 слонови угинаа во делтата Окаванго, а истражувањето откри дека нивната смрт била предизвикана од голтање токсини произведени од цијанобактерии содржани во алгите во тамошните водни базени. Тие влегле во телото на животното преку водата, предизвикувајќи интоксикација и смрт.

Денес, во Боцвана се наоѓа најголемата популација на слонови во Африка, 130 000. Во моментов има 350.000 слонови низ целиот континент

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.