Како последица и компликации од ковид-19, по кусо боледување на 60-годишна возраст почина познатиот охридски доктор, хуманист, уметник и поет Драган Спасески Охридски.

Драган Спасески Охридски е роден 1960 година и по професија беше доктор-специјалист ортопедски хирург, вработен во Костнозглобната болница во Охрид.

Лани прослави три децении од неговата прва самостојна изложба што се случи во 1989 година кога всушност тој го направи и првиот мултимедијален проект во нашата држава, насловен како „Апокалиптичен нарцис“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.