Божиќните празници се исто така омилениот период од годината за најмладите, главно поради играчките што ги добиваат. Но, од каде доаѓаат играчките што им ги даваме на нашите најблиски?

Според „Еуростат“, Европската унија (ЕУ) е нето увозник на играчки од остатокот од светот. Извозот на Унијата во земјите надвор од неа е пет пати помал од увозот од неевропските земји.

Во 2017-та година, ЕУ увезува играчки во вредност од скоро 7,4 милијарди евра, а извезла за само 1,4 милијарди евра за земји кои не се членки на ЕУ. Вредноста на играчките увезени во ЕУ се зголеми за повеќе од 41% во текот на изминатите десет години.

Кина е најголемиот добавувач на играчки во ЕУ, со 86% од увозот во 2017-та година. Земјата е така пред Виетнам (3%), како и Хонг Конг и Индонезија (2%).

Повеќе од половина од увозните играчки во ЕУ се наменети за Обединетото Кралство (26%), Германија (15%) и Холандија (11%).

Главните дестинации надвор од ЕУ се САД, Швајцарија (со 15% од извозот) и Русија (14%). Заедно овие земји учествуваат со речиси половина од вредноста на извозот. Во исто време, околу половина од извезените играчки од ЕУ доаѓаат од Чешка (25%) и Германија (21%).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.