Во последните 130 години, килограмот како единица мерка е дефиниран со физички цилиндар направен од легура на платина и иридиум, кој се чува во Меѓународното биро за тегови и мерки во Франција.

Меѓутоа, секој пат кога научниците го земале тој цилиндар во раце, тој губел атоми, па се проценува дека сега е 50 микрограми полесен во споредба со времето кога бил направен. Поради тоа, научната заедница едногласно усвои нова дефиниција за килограм која стапува на сила од денеска, 20-ти мај.

Од денеска, килограмот официјално ќе се мери како физичка константа наречена Планкова константа. Оваа константа го изразува односот во квантната физика помеѓу енергијата и зачестеноста на честичките.

Новата дефиниција е добиена со помош на уред кој се нарекува Киблов механизам, кој со помош на Планковата константа ја одредува масата на предметот со употреба на прецизно измерена електромагнетна сила.

Оваа одлука има историско значење за науката, но во праксата и секојдневната примена нема да има никакви промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.