Санта мраз со површина поголема од Лондон, се отцепи од Антарктикот, на дваесетина километри од британската истражувачка опсерваторија на јужниот пол.

Вкупната површина на сантата е 1.270 квадратни километри, а нејзината дебелина е 150 метри.

Времето ќе покаже дали ова одвојување на сантата во наредните денови или недели ќе предизвика дополнително расцепување на ледената покривка – вели професорот по геологија на универзитетот Свонси, Адријан Лакман, пренесе „Гардијан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.