Кралското семејство пристигна на погребот на принцот Филип.

Очите на светската јавност се вперени кон дворецот Виндзор додека кралицата се подготвува да се збогува со својот сопруг принцот Филип.

Во замокот пристигнуваат членовите на потесното семејство каде денеска кралицата се подготвува за овој тажен чин.

Ковчегот на принцот инаку се наоѓа токму во замокот, а потоа ќе биде пренесен во капелата пред погребот попладнево.

Се е подготвено и во црквата каде ќе се случи и опелото за принцот, а на перниците наместени се и неговите сите ордени кои ги добил во изминатите 99 години.

Во ковчегот на принцот се ставени меч, поморска капа и цвеќиња за последен поздрав.

Погребот инаку го следат десет милиони луѓе ширум светот, а ова е прва ваква церемонија по погребот на мајката на кралицата во 2002-та година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.