Актерката Фелисти Хофман која се прослави со улога во серијата „Очајни домаќинки“ ќе оди во затвор на две недели поради давање на мито од 15. 000 долари за да нејзината постара ќерка се запише на факултет.

Таа признала дека во 2017 година платила 15.000 долари за консултант на колеџот да ги преправи одговорите на приемниот испит на нејзината ќерка.

Освен тоа, таа доби и казна од 250. часа услуга во заедницата и една година надзор.

Нема оправдување за тоа што го направив. Сакам да се извинам на мојата ќерка, сопруг, семејството, образовниот систем поради моето однесување. А посебно сакам да им се извинам на студентите кои вредно работеле секој ден за да се запишат на факултет, како и на нивните родители кои се жртвувале за да ги подржат децата“, вели актерката која треба да се пријави во затвор во рок од шест недели.

Фелисити Хофман е првиот од вкупно 34 обвинети родители во ова аафера на кого му е изречена ефективна казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.