Познатата американска актерка Фелисити Хафман, ѕвезда на серијата „Очајни домаќинки“, денеска е осудена на 14 дена затвор заради вмешаност во афера со давање поткуп за прием на колеџ.

Хафман е осудена во Федералниот суд во Бостон откако во мај ја призна вината за делото измама, пренесуваат американските медиуми.

Актерката, исто така, е казнета и парично со 30.000 долари, како и со 250 часа општествено корисна работа и една година надзор.

Таа признала дека во 2017 година платила 15.000 долари за консултант на колеџот да ги преправи одговорите на приемниот испит на нејзината ќерка.

Фелисити Хафман е првиот од вкупно 34 обвинети родители во ова аафера на кого му е изречена ефективна казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.