Мексиканската јавност беше потресена од трагичната вест дека младиот фудбалер на Севилја,  Жоао Малек (20), викендов предизвикал страшна сообраќајна несреќа во која загинале две лица.

Поради голема брзина удри во автомобил кој бил пред негоа,а во него се наоѓал млад брачен пар. Поточно 33-годишно момче и седум години помладата негова сопруга.

Страшната трагедија се случила баш на денот на нивното венчавање, а зад нив оставиле две деца. Мелек се најде на жестоки критики бидејќи се верува дека бил пијан во моментите на несреќата.

Во меѓувреме се појави снимка од моментот на несреќата кој е навистина вознемирувачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.