Нуркачите од охридскиот клуб „Акватек“ викендов, реализираа подводна еко- акција во Охридското езеро.

Членовите на нуркачкиот центар облечени како Дедо Мраз, со празнична песна, од езерото извадија гуми од автомобили и камиони, лименки од пијалоци и пластични шишиња, кои ги лоцираа при нивните предходни рутински нуркања.

Целта на оваа еко-акција е да ги заокружиме нашите подводни активности за годинава што изминува. Дополнително, сакаме да упатиме порака до сите наши сограѓани за подигнување на еколошката свест, бидејќи заслужуваме чисто езеро, не само за нас, туку и за идните генерации“- вели Никола Паскали од „Акватек“.

Изминатава година нуркачкиот клуб „Акватек“, реализира неколку акции за чистење на езерото во кои беше извлечен габаритен шут и отпад кој не само што го загадува езерото, туку му штети и на подводниот свет.

извор: Охридњуз

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.