Женските нозе разоткриваат многу тајни. Доволно е само експерт да ги погледне вашите нозе, за да веднаш ги определи вашите карактерни особини.

Иако читањето на женските нозе е цела една наука, сепак секој може да се обиде да ги определи своите природни црти на карактерот.

За што зборуваат женските нозе

Доколку големината на нозете одеднаш се зголемила, тогаш вие го очекувате признанието за вашите способности и достигнувања, но потребно е да побарате и други начини за исполнување на вашата амбициозност.
Доколку нозете станале пошироки, можеби работите премногу и потребен ви е одмор.
Тесните женски стапала се знак за женственост и мрзеливост, а честа за решавањето на проблемите претпочитате да им ја предадете на останатите.
Силното стапало укажува на чувствителна природа и страв кој многу лесно може да се појави.

Стапала

Пета
Доколку имате широка пета, вие сте силна жена, а тесната пак означува дека немате доверба во иднината и идните случувања ве прават несигурни.

Доколку имате груба кожа кон внатрешната страна на петата, најверојатно имате слаб имунитет. За таа цел, зголемете го внесот на витамин Ц.

Палец
Доколк тој е тесен во основата и се раширува кон крајот, треба почесто да бидете искрени со самите себе.

Доколку палецот повеќе се свртува кон останатите прсти, тоа значи дека премногу значење им придавате на туѓите мислења.

Враснат нокт означува дека не сакате да се одвоите од вашите спомени и стари работи.

Трет прст
Овој прст ги означува вашите професионални стремежи. Колку е подолг, толку поголеми се и вашите амбиции.

Жените со тенок трет прст се покреативни и повеќе склони кон уметноста, додека оние со подебел се практични и порационални луѓе.

Доколку третиот прст е повеќе свртен кон малиот прст, тоа зборува за нетрпеливоста како дел од вашиот карактер.

Доколку има поголемо растојание меѓу вториот и третиот прст, тоа значи дека претпочитате да ги задржите вашите чувства во себе.

Четврт прст
Тој е одговорен за вашето однесување во однос на останатите луѓе. Доколку вашиот четврт прст е повеќе свртен кон палецот, вие сте чувствителни и имат многу пријатели.

Доколу тој прст е подолг од останатите, за вас најважно е вашето семејство.

Должина на нозете

Доколку имате кратки нозе, вие самоуверено и цврсто стоите на земја, но пак од друга страна, често страдате и од промени во расположението. Имате способност лесно и брзо да ги решавате животните проблеми. Во зависност од вашите лични интереси, лесно може да го промените вашето мислење.

Доколку сте сопственичка на долги нозе, вие сте чувствителна и романтична личност, која најмногу од сè сака да сонува. Можеби малку потешко се справувате со животните проблеми, но во ниту еден случај не сакате да ги загрозите вашите принципи, бидејќи си имате свои лични ставови и верувања.

Многу е важен и начинот на кој чекорите

Среќните и вљубени жени имаат тенеденција да се движат лесно и убаво. Чекорат со главата високо крената, спокојно и самоуверено.

Несигурните и срамежливи жени чекорат малку потешко, постојано свиткувајќи ги нозете и стапалата кон внатрешната страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.