Во пресрет на новогодишните празници Sport Life донираше новогодишни пакетчиња во повеќе институции за деца и млади од ранливите категории.

Во текот на минатата и оваа недела претставниците на Sport Life ги посетија: Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Куманово, здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ од Куманово и притоа ги израдуваа со новогодишни пакетчиња.

Најголема и најважна е радоста и среќата на децата, затоа за новогодишните празници Sport Life својата хумана мисија ја насочи кон децата од ранливите категории, подарувајќи им новогодишни пакетчиња, со желба да им ги разубавиме новогодишните празници и да им посакаме радосно и безгрижно детство. Воедно, во оваа пригода Ви ја честитаме Новата Година и ви посакуваме најубави желби и среќни празници на сите– истакнуваат од Sport Life.

Sport Life како и досега, така и во иднина ќе продолжи со реализација на хуманитарни и општествено одговорни активности, за подобрување и унапредување на животот, спортот и за поддршка и помош на оние на кои таа им е најпотребна.

Комерцијален текст

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.