Со серадосно ликување, Светата Бигорска Обител, заедно со притекнатите верници, достоинствено го дочека својот Старец и игумен, Архимандрит Партениј, кој денес едногласно беше избран за нов епископ од страна на светите архијереи на Свештениот Синод на МПЦ-ОА.

По повод свечениот пречек, Старецот низ солзи им рекол:

Мили мои, во овој миг сум особено возбуден, не толку поради денешната одлуката на Светиот Синод да бидам избран за архиереј, колку од вашата љубов. Ве молам да ми простите што во моментот не можам нешто особено да ви кажам, затоа што не можам да ги спречам солзите и чувствата…
Нема ништо поголемо од безусловната љубов, којашто не бара корист, не бара правда. Љубов, којашто не е лицемерна, која не е човекоугодничка, туку е, едноставно, љубов заради љубов, добрина заради добрина. Токму на темелите на оваа љубов е изградено нашето братство, нашите сестринства, како и нашиот однос со сите духовни чеда и посетители во манастирите.

извор: текст и фото: Бигорски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.