Француските здравствени власти во средата објавија дека 18.746 лица биле позитивни на тест за коронавирус во земјата од претходното ажурирање, што претставува најголемо зголемување од моментот на појава на пандемијата. Вкупниот број на случаи сега достигна 653.509 лица.

Во текот на изминатите 24 часа, 80 лица починале како последица на новиот вирус, а вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 сега достигна 32.445 лица. Има и 919 пациенти кои се сместени на интензивна нега, забележуваат официјалните лица.

Стапката на позитивност на тестот во Франција се зголеми за 0,1 процентен поен од вчера на 9,1% денеска, покажуваат податоците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.