Револуционерниот уред IQOS, со кој компанијата Филип Морис овозможи на милиони пушачи кои не се откажуваат од пушењето да можат да одберат подобра алтернативна, повеќе две години е достапен и на македонскиот пазар.

 

Технологијата која стои зад овие електронски уреди овозможува загревање на тутунот на контролирани температури до најмногу 350° целзиусови, процес кој целосно го елиминира согорувањето. Поради отсуството на согорувањето IQOS уредите не испуштаат чад, туку аеросол кој содржи никотин, а при тоа не се создава пепел. Во аеросолот од IQOS уредите измерено е и до 98% намалување на одредени нивоа на штетни или потенцијално штетни соединенија, споредено со чадот од цигарите.

 

Но, во духот на денешното модерно време, IQOS уредите се секогаш со впечатлив,  уникатен и модерен дизајн. Така е создадена и лимитирана едиција Passion Red, која е во страсна црвена боја и златен капак за полнач, со боја која се прелева и које е веќе достапна, ексклузивно за онлајн нарачка преку страницата или виртуелна зона како и кај IQOS партнерите, до 15 август. Потоа уредот ќе биде достапен и на IQOS зоните.

 

IQOS е резултат на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис, а инвестирани се повеќе од 7 милијарди долари. Овој иновативен уред е достапен на 71 пазар во светот. Повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.