Пејачката Северина Којиќ, која со пресуда на хрватскиот суд остана без старателство над Александар, синот кој го има со бизнисменот Милан Поповиќ, не му го дава пасошот на детето, спречувајќи го да оди на одмор со училиштето и да ги види роднините кои живеат надвор од Хрватска!

Неверојатниот потег на Северина никому не му е јасен, посебно бидејќи таа и Милан во безброј наврати го разменувале тој пасош, кога и да детето патувало со некого од нив, надвор од Хрватска. Во недостиг на нормални објаснувања, ова може да се толкува како обид за саботирање на одлуката на судот кој пресуди дека таа е немарна мајка и го додели Александар на чување на татко му.

Исто така многу е веројатно дека пејчата со ова сака да му напакости на поранешниот партнер, но дека тоа го прави на безобзирен и подмол начин, штетејќи на интересите на синот.

Милан Поповиќ ги превзел сите активности во склад со законот како би ги заштитил интересите на детето, односно како Северина би го предала пасошот на синот, што е должна да го направи по пресуда на судот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.