Скопското астрономско друштво повторно организира предавањe во Планетариумот во Скопје кое ќе се одржи вечерва (28 ноември), во 19ч.

-На предавањата ќе можете да видите симулација на ноќното небото ослободено од облаци и светлосно загадување. Нашиот член и предавач Радан Митровиќ ќе ве запознае со најинтересните и најважните соѕвездија и објекти, како и со календарите и нивната поврзаност со ноќното небо. Централна улога има Планетариумот и неговата волшебна способност да ни го долови ноќното небо со преубав приказ на ѕвездите, да ни покаже како тоа се менува кога се наоѓаме на разни позиции на Земјината топка, но и да го забрза текот на времето, а со тоа и движењето на ѕвезденото небо над нас. – информираа од друштвото.

Планетариумот е во состав на Младинскиот културен центар (МКЦ), а влезот е од страната која гледа кон Македонската радио телевизија. Билетите, кои се во строго ограничен број, велат од друштвото, може да ги набавите во билетарата на МКЦ по цена од 150 денари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.