Последниве десетина дена пејачката Нина Јанева-Николовски и нејзиниот сопруг Александар ги живеат првите денови како тазе родители. Тие се венчаа минатото лето, а на 19 септември ја добија ќерката Арија. Името, вели среќната мајка е музикалната верзија која победила помеѓу два избора.

Името ѝ го избравме двајцата иако се двоумевме помеѓу верзијата Арја и Арија. Сепак музикалната верзија победи. Презимето го носи во оригиналната верзија на татко ѝ, по негова желба или Николовски, изјавила пејачката.

Имав прилично тешко породување и првиот момент кога ми ја дадоа си помислив: Иста е како татко ѝ. Бев во големи болки, но за кратко тоа се среди. После три часа ми ја донесоа во апартманот каде што ја чекавме со Александар, мајка ми и сестра ми. Е тогаш вистинските емоции си ја превзедоа улогата. Се расплакав кога сфатив дека е моја, дека е моето најголемо достигнување во животот, додала таа.

(Извор – Женскимагазин)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.