Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски пред десеттина дена ја запроси својата девојка Андријана Јакимовска во словенечкото гратче Порторож покрај брегот на Јадранско Море.

Веста за романтичното запросување и фотографии од свршеничкиот прстен на социјалните мрежи сподели Јакимовска, која под колажот од заеднички фотографии порача дека не треба да се бара љубовта, бидејќи таа на крајот сепак ќе не пронајде, дури и тоа на биде на најнеочекуван начин.

Како што пишува „Фокус“, Николовски (35) и Јакимовска, која исто така по потекло е од Крива Паланка, долги години биле заедно, но по некое време ја прекинале врската, по што Андријана заминала да работи во Словенија. По неколку години разделеност, тие случајно се сретнале на први јануари годинава и сфатиле дека љубовта е посилна од сè.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.