Светските таблоиди вријат од веста дека атрактивната Никол Шерцингер и седум години помладиот Том Еванс веќе извесно време се во љубовна врска.

Тие неколкупати се видени заедно во Лондон, каде Никол веќе некое време живее поради снимањето на „Икс фактор“.

Наводно, Еванс долги години ѝ се воодушевува на пејачката, а кога добил шанса да ја запознае, воопшто не се мислел и ја поканил на вечера. Искрите меѓу нив двајца се појавиле уште на првиот состанок.

Никол претходно беше во бурни врски со Ф1 возачот Луис Хамилтон и со тенисерот Григор Димитров. Еванс, пак, пред 10 години беше женет со актерката Кели Брук, со која очекуваа дете. Но, набргу по спонтаниот абортус тие се разделија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.