Воли Фанк е 82-годишната жена која на 20 јули ќе лета во вселената со милијардерот Џеф Безос. Со тоа таа ќе стане најстарата личност која патувала во вселената, соопшти компанијата „Блу Ориџин“.

Фанк ќе биде четвртиот патник на тој прв лет со човечки екипаж организиран од компанијата за вселенски туризам, заедно со милијардерот, неговиот брат Марк Безос и победникот на аукцијата чие име сè уште не е објавено.

Воли Фанк во 60-тите години на минатиот век била учесник во приватна програма позната како „Меркур 13“, во која група од 13 жени биле подложени на истите тестови како машките астронаути избрани според програмата Меркур на НАСА за испраќање на првите Американци во вселената.

Ми рекоа дека ја завршив работата подобро и побрзо од кој било маж. Реков дека сакам да бидам астронаут. Но, никој не ме сакаше. Не ни помислував дека ќе одам горе еден ден – вели Фанк во видеото објавено на Инстаграм профилот на Безос кога беше објавена информацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)

Безос и посака на фанк топло добредојде во тимот што ќе лета во вселената.

Никој не чекал толку долго. Добредојдовте во тимот, Воли – напиша Безос во својата објава.

Воли Фанк стана првата инспекторка на Федералната администрација за цивилно воздухопловство на САД (ФAA). Како пилот, таа има 19.600 часа лет.

Ракетата „Блу Оринџ“ треба да полета на 20 јули. Патниците тогаш ќе можат да лебдат во бестежинска состојба неколку минути и да ја набљудуваат закривеноста на Земјата.

Потоа капсулата ќе почне да се враќа на Земјата со слободен пад, а ќе се забавува со три огромни падобрани и ретро ракети, по што треба да се спушти во пустина во западен Тексас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.