Невеста била принудена да се омажи за гостин на нејзината свадба, откако младоженецот во последен момент побегнал од венчавката.

Оваа бизарна свадба се случила минатиот викенд во Карнатака, Индија.

Тамошните медиуми пренесуваат дека младоженецот се откажал од венчавката поради љубовницата, која се заканила дека ќе дојде на забавата и ќе направи сцена. За да избегне скандал, тој решил да не се жени и во последен момент ја напуштил венчавката.

Невестата и нејзиното семејство биле очајни, па роднините веднаш започнале да бараат соодветен маж за напуштената невеста. Наскоро, тие извлекле еден млад човек од толпата, кој бил подготвен да се ожени со неа и да ја „спаси од срамот“.

Семејствата биле среќни поради ваквиот исход и веднаш дале благослов, па свадбата била направена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.