Нема што да се раскажува… Неговата изјава е следна:
Жената ми беше нешто неарна и јас повикав Брза помош. Брзата помош дојде стварно брзо. Ја прегледаа жената и ударија инекција, мереа притисок, сето тоа. Ме видоа мене агресивен, изнервиран, и мене ми ударија инекција, а немаше потреба. Влегов во амбулантата, го повикаа докторот. Јас кога го видов него мене ми светнаа очите уште толку. Затоа што во 1996 година, тој требаше, да му умрам јас, ми даде некои апчиња, докторот не е способен мене да ме лечи, он е пошекнат од мене. Викам сине имаш ли деца, имам, жена, имам. Оди легни си со жената. Јас се стегнав тој удира. Во меѓувреме јас почнувам да пејам песна „Зошто си ме мајко родила“. Не сакав да давам отпор, зашто е на работа. Ако требаше да го мавам јас, ако сум 65 години, ќе го јаде. Престана да ме тепа, вика водете го во лудница. И ме однесоа кај тие, не дај Боже, Господ да ги излекува тие што ги викаат шекнати, и мене шекнат ме направија. Може некој да ме убие, јавноста нека слушне, ако сум убиен славно ќе загинам за Македонија….

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.