Српскиот актер, Никола Којо, денеска завршил во болница во Загреб откако се лизнал на снимање и паднал врз исечено дрво, пренесуваат српските медиуми.

Имено, додека ги снимал кадрите во кои трча низ шумата, актерот се лизнал и со лицето паднал врз исеченото дрво. Веднаш бил превезен во болница, каде што му е направена снимка на главата.

Којо изјавил дека се чувствува добро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.