Британскиот таблоид „Дејли стар“ раскажува за пророштвото на Баба Ванѓа кое датира од 1996 година.
Според нив Нешка Робева и Баба Ванѓа биле блиски, а таа честопати ја посетувала Баба Банѓа во Рупе. Британците ја нарекуваат Баба Ванга „Балканска нострадамус“ и потсетуваат дека таа ги предвидела нападите на 11 септември во Њујорк, како и Брексит.

Нешке, короната ќе не згази, и рекла Баба Ванѓа на Нешка Робева, во 1996 година, која во тоа време не сфаќала ниту разбирала што и предвидела Ванѓа.

За жал, Нешка Робева не открива дали Баба Ванѓа и кажала нешто повеќе, како на пример кога ќе заврши сето ова, но таа сака да го пребродиме лесно.

Британскиот таблоид потсетува дека пророштвата на Ванѓа за 2020 година се прилично темни – таа предвиде убиство со атентатот на Владимир Путин, како и тумор на мозокот од Доналд Трамп. Британскиот едиторијал исто така проценува дека 85% од нејзините пророштва се оствариле.

Од друга страна, роднините на Ванѓа во повеќе наврати рекоа дека списите од нејзино име се измислици, бидејќи таа никогаш не зборувала со такви специфики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.