Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за празниците, 8 Септември (недела), Денот на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Потоа следи уште еден споен викенд, бидејќи неработен ден за сите граѓани е и 11 Октомври (петок), Денот на народното востание.

Неработни денови за сите граѓани се и 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба кој се паѓа во среда и 8 Декември, посветен на Св. Климент Охридски, кој се паѓа во недела, па неработен е следниот ден.

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се и 1 Ноември (петок), Празникот на сите светци и 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ неработен е и 22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука.

Граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ нема да работат на 9 октомври (среда), првиот ден на Јом Кипур, а граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ на 28 Септември (сабота), кога ќе го прослават Меѓународниот ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ неработен е 21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.