Во основно училиште во Белград влегол непознат маж кој им пришол на една група девојчиња и ги прашал дали сакаат да дојдат со него во еден популарен ресторан за брза храна. Оваа порака се појавила во една од вибер-групите на родителите и многу ги вознемирила.

Четири девојчиња од чеврто одделение седеле на клупите во училиштето и во еден момент им пришол маж. Прво ги прашал како се викаат, а потоа ги поканил да дојдат со него во еден популарен ресторан за брза храна. Им кажал ако не сакаат денес, утре ќе дојде пак, тврди родител чие дете оди во тоа училиште.

Родителите веднаш дошле во училиштето штом им се јавиле децата, а директорката ја прегледала видео снимката на која се гледа како маж кој има гипс на ногата и носи зелена јакна им се приближува на девојчињата. Тој се обидел да влезе низ кујната, каде што не му било дозволено, па дошол на главниот влез. Тогаш учениците се обиделе да го легитимираат, но тој не дозволил. Во тоа време немало обезбедување во училиштетот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.