Бред Пит ги изненадил студентите на Државниот универзитет во Мисури. Тој се вклучил преку видео-линк од својот дом, каде и понатаму е во карантин поради коронавирусот.

Славниот актер ја прифатил идејата на деканот да ги израдува студентите и да им честита на истрајноста и успехот кој го постигнуваат и за време на пандемијата.

Поздрав до сите, овде Бред. Ви се јавувам од карантин. Мора да било многу чудно да работите во вакви услови, но знајте дека сум горд на вас. Значи, успеавте. Уживајте! Ви честитам. Ширете ги вашите видици и размислувајте, вие сте нашата иднина. Ви посакуваме сè најдобро во вашите идни планови“, дипломатски им се обратил Пит и ги воодушевил.

Се обидовме некако да ги расположиме студентите, бидејќи во ова неизвесно време поради пандемија на коронавирусот, нема да имаат традиционална прошетка низ градот. Бред се согласи да ги направи горди“, рекла доцентката Елизабет Кинг покрај објавата со видеото од Бред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.