Дајана Бреговиќ Мариќ, сестрата на популарниот музичар Горан Бреговиќ (70) почина во Сплит на 61 година.

Во длабока болка, објавуваме дека ненадејно нè напушти г-ѓа Дајана Бреговиќ Мариќ. Поради големата тага, беше направен тивок погреб во кругот на потесното семејство на гробиштата Ловринац, пишува во некрологот објавен во „Слободна Далмација“.

Дајана Бреговиќ Мариќ е помлада сестра на водачот на бендот„Бјело дугме“ и творец на „Оркестар за свадби и погреби“, Горан Бреговиќ. Горан ја поминал својата младост со неа затоа што неговите родители Фрањо и Борка биле разведени, па тој живеел малку со неговата мајка во Сараево, а малку со татко му во Сплит, каде што сега починатиот татко Фрањо служел во тогашната ЈНА и основал ново семејство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.