Ова е 8 годишната Фатиме Хамиди, ученичка во трето одделение во основното училиште „Беса“, во село Бозовце тетовско. Фатиме мора да учи сама бидејќи не може да следи онлајн настава, а не може ниту да ја следи образовната телевизиска програма. Пред осум месеци им е исклучена електричната енергија поради неплатени сметки.

Сите деца на ова семејство ја имаат истата судбина. Поради тоа што немаат можност да следат онлајн настава, тие се обврзани да седат со свеќа и да го чекаат следниот ден за да излезат надвор.

Целата сторија на ТВ21

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.