Имам во Уганда е суспендиран од исполнување на својата дожност во џамијата, додека не се заврши истрагата за кражбата, во која било откриено дека жената со која се венчал е всушност маж.

Мохамед Мутумба (27) ја дознал вистината откако неговата невеста го украла телевизорот од соседите. Полицијата за време на претресот дознала дека всушност станува збор за маж. Имамот во шок тврдел дека не знаел, зошто немал сексуални односи со „сопругата“ две недели откако се во брак, бидејќи „таа“ му рекла дека има менструација.

Матумба истакнал дека му е тешко да зборува за овој немил настан и кажал дека му е потребна стручна помош.

Еден од вработените во џамијата рекол дека мажот, кој се претворал во жена, имал нежен глас и дека се движел како жена. Додал и дека Мутумба му се пожалил дека откако се венчал, сопругата одбивала да се соблече додека спиеле заедно.

Партнерот на Мутумба е обвинет за „неприроден“ престап.

Многу жители на Уганда го исмевале имамот на социјалните медиуми, наведувајќи дека тој е хомосексуалец кој не ја кажува вистината. Активистот за правата на хомосексуалците Френк Мугиша, водач на групата за Сексуални малцинства во Уганда, оценил дека тој случај докажува „колку хомофобија има во земјата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.