Креаторите кои сакаат да го направат тоа наскоро ќе можат да воведат претплата за пристап до одредена содржина по цена од 0,99 до 9,99 долари.

Инстаграм почнува да тестира нова опција која на најпопуларните корисници, односно креаторите на оваа мрежа треба да им обезбеди дополнителна заработка.

Мал број инфлуенсери сега ќе почнат да воведуваат претплата за пристап до дополнителна содржина што ја објавуваат на таа мрежа. Нивните следбеници, кои сакаат да имаат пристап до таа содржина, ќе треба да платат помеѓу 0,99 и 9,99 долари (во зависност од тоа што ќе изберат сопствениците на профилот), а на почетокот целата сума ќе оди во џебот на инфлуенсерот.

При објавувањето на опцијата за претплата, првиот човек на Инстаграм Адам Мозиер рече дека претплатите се еден од најдобрите начини за предвидување на заработката, бидејќи тие не зависат од влијанието на поединечните објави, кои често може да варираат и се важни кога се преговара со спонзорите за плаќање. .

За креаторите на кои им е дадена опција да воведат претплата, на нивниот профил ќе се појави нова ознака која треба да се кликне за корисниците да се претплатат на содржината. Следбениците кои ќе се претплатат на креаторите на премиум содржини ќе добијат три опции кои нема да им бидат достапни на следбениците кои не плаќаат за содржината.

Тие ќе можат да пристапат до содржината на Instagram Stories, создадена исклучиво за претплатници, како и да гледаат преноси во живо што ги пренесуваат креаторите, кои нема да бидат достапни за обичните корисници. Друга опција што ќе ја добијат претплатниците се специјалните значки кои ќе се појавуваат веднаш до името на претплатникот кога ќе коментираат на објавата на тој создавач и кога ќе му испраќаат пораки.

Опцијата за претплата нема да биде достапна за сите корисници на Инстаграм, туку само за креаторите на содржини, а при тестирањето е достапна само за мал број такви креатори. По периодот на тестирање, претплатата ќе биде достапна и за други креатори, но се уште не се знае кога ќе биде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.